Захарова: Ако Русија е Спарта, Британија е “островот Лезбос“!

“Со играта на  паралели, како што подвлекува шефот на Форин офис, може да јавиди својата земја како островот Лезбос...“

Марија Захарова, потпарол на МНР на Русика смета за некоректно споредување на министерот на надворени работи на Велика Британика Борис Џонсон, кој направил паралела помеѓу Русија и Спарта.

"Споредувањето е некоректно. Не е работата во тоа што Русија никогаш не била 'ратоборна држава', за разлика од некои европски држави. Несогласувањеата помеѓу Атина и Спарта биле во тоа што оваа втората имала олигархиски поредок. Мислма дека поголема олигархија од Велика Британија неможе да се сретне",напишала Захарова на Фејсбук.

Како што навела, британската монархија историски се градеше на олигархиска база, сега привлекува капитал на олигарси.

Захарова додала дека со Џонсон може да се согласи во едно – војната помеѓу Атина и Спарта ја ослаби Грција, а тоа го искористија Македонците. Денешните несогласувања кои ги "посеа и активно ги негува Запад, само ја слабее западната цивилизација и ја прави ранлива пред секоја закана.

"Играта на слободни паралели, како што подвлекува шефот на Форин офис, може да го однесе уште подалеку, па еден убав ден така креативен и екстраординиран да ја види својата земја, на пример, како островот Лезбос", заклучува Захарова.

Порано Борис Џонсон во интервју за "Сандеј тајмс" ја споредил Русија со Спарта , а западните држави со Атина.

Поврзани

Најнови вести

Коментари