logo
logo
logo

Загрижувачки податоци: 16 луѓе починале по вакцинација, 364 добиле несакани ефекти од вакцината на Фајзер

Vecer | 27.02.2021

Загрижувачки податоци: 16 луѓе починале по вакцинација, 364 добиле несакани ефекти од вакцината на Фајзер

Најмалку 16 лица починаа во Швајцарија откако беа вакцинирани против коронавирус, соопшти надлежниот орган за надзор на пазарот на лекови Swissmedic.

Регулаторот прегледа 364 извештаи за сомневање за несакани реакции по вакцинирањето: 199 во врска со вакцината Фајзер и 154 со вакцината Модерна.

Меѓу нив, идентификувани се 95 сериозни реакции, вклучувајќи четири случаи на анафилактичен шок и 16 смртни случаи.

“Во 16 сериозни случаи, луѓето починаа во различни интервали по вакцинирањето. Нивната просечна возраст беше 86 години, а повеќето од нив веќе имаа сериозни болести”, се вели во соопштението.

Swissmedic во соопштението додава дека сè уште не е утврдено дека причината за смртта е вакцинирање.

Вакцинацијата во Швајцарија започна на крајот на минатата година со вакцини од компаниите Фајзер и Модерна. Досега се вакцинирани околу половина милион граѓани во таа земја.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk