Загинаа двајца украински пилоти на заедничка вежба со НАТО

Двајца пилоти загинаа при пад на авион кој учествувал во заеднички воени вежби на НАТО и украинската војка.

Украинската војска соопшти дека авиониот се урнал на подрачјето на Виниција, на 180 километри југозападно од Киев.Секретарот на украинските воздухопловни сили изјави дека според прелимираните податоци, станува збор за ловец Su-27, кој учествувал во маневрите Clear Sky 2018.

Причината за несреќата засега не е позната. Заедничката воен вежба започнала пред осум дена во средишниот дел на Украина и ќе трае до петок. Во неа учествуваат најмалку 700 војници на осум членки на НАТО и Украина, со околу 40 авиони, меѓу кои се и американските ловци F-15.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари