Американскиот авантурист Алекс Харвил загина додека вежбаше за рекорден скок со мотор.

Харвил имаше само 28 години, живееше во Вашингтон, а во последно време тренираше да постигне најдолг скок со мотор од рампа и со тоа да постави нов светски рекорд, пренесува Си-Ен-Ен.

Сепак, скокот заврши трагично затоа што Харвил го погоди врвот на ридот на кој требаше да слета по скокот, по што излета од мотоциклот.

Несреќата се случи на меѓународниот аеродром Гранд Каунти.

Харвил веднаш беше пренесен во болница, но за жал почина.