logo
logo
logo

За Макрон, инфлуенсери платени од Русија се виновни што ФРАНЦИЈА ЕКСПЛОАТИРА ДЕЦА ВО АФРИКА

Vecer | 26.11.2022

За Макрон, инфлуенсери платени од Русија се виновни што ФРАНЦИЈА ЕКСПЛОАТИРА ДЕЦА ВО АФРИКА

Францускиот претседател Емануел Макрон ја обвини Русија дека „поттикнува антифранцуска пропаганда“ во Африка за да им служи на руските „предаторски“ амбиции во проблематичните африкански држави, каде Франција претрпе воени неуспеси и поголемо губење на влијанието во последниве години.

Говорејќи на маргините на самитот на земјите од француско говорно подрачје во Тунис, од Макрон беше побарано да одговори на критичарите кои велат дека Франција ги искористува историските економски и политички врски во своите поранешни колонии за да им служи на сопствените интереси.

„Оваа перцепција ја потхрануваат другите, тоа е политички проект“, рече Макрон во интервју за ТВ5 Монд.

„Јас не сум будала, многу инфлуенсери, кои понекогаш зборуваат на вашите програми, се платени од Русите. Ние ги знаеме“, рече тој.

„Бројни сили, кои сакаат да го прошират своето влијание во Африка, го прават тоа со цел да и наштетат на Франција, да и наштетат на нејзиниот јазик, да сеат сомнежи, но пред се да остварат одредени интереси“, додаде тој.

Претходно, Италијанската премиерка Џорџа Мелони ја обвини Франција и нејзиниот претседател Емануел Макрон за експлоатација на децата во рудниците на злато во Африка.

Таа наведе дека емиграцијата на африканското население би престанала доколку земјите како Франција би се откажале од експлоатацијата на луѓето и природните ресурси на тој континент.

Мелони покажаа фотографии од деца кои работата во рудници на злато во Буркина Фасо, држава која некогаш беше под контрола на Париз, и истакна дека тоа злато главно завршува во Франција.

„Буркина Фасо е една од најсиромашните држави во светот. Франција печати колонијални пари за Буркина Фасо која има злато, а за возврат од неа бара 50 отсто од сè што ќе извезе да му предаде на француското министерство за финансии“, кажа италијанската премиерка.

 

Иако Буркина Фасо е независна од 1960 година, Мелони истакна дека поранешната колонијална сила и понатаму има голема власт над некогашната колонија.

„Не е решение Африканците да ги доведеме во Европа. Решението е Африка да се ослободи од Европејците кои ја експлоатираат и на овие луѓе да им се дозволи да живеат од она што го имаат“, порача премиерката на Италија.

Во извештајот на Обединетите нации од 2016 година се наведува дека од 3.000 луѓе кои работат во рудниците во Буркина Фасо, третина се деца.

Мелони предупреди на ситуацијата во Африка поради големиот број мигранти кои, наместо да останат во своите земји, тргнуваат преку Средоземното Море до италијанскиот брег.

Минатата недела италијанските власти одбија да пуштат спасувачки брод со 230 мигранти да вплови во нејзино пристаниште, порачувајќи дека другите држави треба да преземат поголем товар околу прифаќањето на илјадниците мигранти од Северна Африка кои се обидуваат да стигнат до Европа секоја година.

Одлуката овие мигранти да не влезат во Италија е дел од новиот план на италијанската влада според кој истоварување им е дозволено само на ранливите групи.

Фото: Илустрација принтскрин

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk