За инцидентот пред британскиот Парламент покренато обвинение за обид за убиство

Против Салих Катера, возачот кој во вторникот со својот автомобил влета во група граѓани а потоа и во безбедносната ограда пред британскиот Парламент во Лондон, е покренато обвинение за обид за убиство, соопшти полицијата во Лондон.

Во инцидентот кој се случи во раните утрински часови во вторникот беа повредени неколку лица.

Како што соопшти тогаш полицијата, лицето кое со својот автомобил влета во безбедносната ограда пред британскиот Парламент и повреди неколку пешаци, беше веднаш уапсено но не сакаше да соработува со британската полиција.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари