logo
logo
logo

Не носел вратоврска, ПА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД ПАРЛАМЕНТ

Vecer | 11.02.2021

Не носел вратоврска, ПА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД ПАРЛАМЕНТ

Лидерот на партијата Маори бил избркан од парламентот на Нов Зеланд затоа што не носел вратоврска. Претседавачот двапати го спречил Равири Ваитити да поставува прашања, објави Би-Би-Си.

„Не станува збор за вратоврска, туку за културен идентитет, пријателе“, изјавил Ваитити додека го напушташе парламентот, објавија локалните медиуми.

За него вратоврските се „колонијална јамка“, и наместо тоа носел „пунам“ или зелен камен врежан со мотиви од маориската култура.

Негова колешка од партијата залудно се обидувала да го оправда.

Ова е еден во низата спорови помеѓу овој пратеник и претседавачот. На крајот на минатата година, пратеникот беше предупреден дека мора да носи вратоврска и дека во спротивно ќе биде исфрлен од седницата.

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн нема ништо против луѓето кои одбиваат да носат вратоврски, но како што рече, има уште многу поважни работи на кои треба да се фокусираат.

„Не мислам дека Нов Зеланд се грижи за вратоврските“, рече таа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk