logo
logo
logo

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Ракета погоди зграда во Израел, се урна како кула од карти

Vecer | 11.05.2021

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Ракета погоди зграда во Израел, се урна како кула од карти

На Твитер е објавена снимка од моментот кога ракета погоди повеќекатница во израелскиот град Ашелон.

На снимката се гледа како ракетата со тресок ја погодува зградата. Силната експлозија го потресе целиот округ.

Според податоците на прес службата на израелската војска, од Појасот Газа биле лансирани повеќе од 150 ракети, при што десетина од нив биле соборени од противвоздушниот систем „Железна купола“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk