logo
logo
logo

Војската во Ерменија го повика премиерот да поднесе оставка

Vecer | 25.02.2021

Војската во Ерменија го повика премиерот да поднесе оставка


Ерменскиот премиер Никол Пашинијан рече дека повикот на вооружените сили тој да се повлече од функцијата е обид за воен удар во земјата и ги повика приврзаниците да се соберат во центарот на главниот град Ереван.

„Верувам дека изјавата на Генералштабот е обид за воен удар. Ги повикувам сите наши поддржувачи да се соберат на Плоштадот на Републиката”, напиша Пашинијан на „Фејсбук“.

Ерменските вооружени сили претходно денеска повикаа на оставка од Пашинијан и неговата влада, објави новинската агенција Интерфакс.

Пашинијан се соочува со протести и повици за негова оставка поради, како што велат критичарите, погубни постапки во крвавиот шестнеделен конфликт меѓу азербејџанските и ерменските сили минатата година. Тој се најде под притисок на опозицијата, откако Азербејџан ја победи Ерменија во војната за покраината Нагорно-Карабах, што заврши со договор за прекин на огнот на 10 ноември, со кој на Азербејџан му беа дадени големи делови од територијата во планинската зона Кавказ, за ​​која двете земји со денеции се спорат.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk