Војската на САД изведе лет над Украина

Американската војска соопшти дека извела невообичаен лет над Украина, согласно Договорот за отворено небо, со цел да ја потврди посветеноста кон земјата откако Русија заплени три украински брода.

„Рускиот напад на украинските бродови во Црното море се опасна ескалација во рамки на сите провокации и активности“, соопшти Пентагон, пренесе „Ројтерс“.

САД побара подобри односи со Русија и истакна дека тоа не може да се случи доколку продолжат, како што рече, незаконските и дестабилизирачки акции во Украина и на другите подрачја, се наведува во соопштението.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари