logo
logo
logo

Воени вежби на кинеската армија во близина на Тајван

Vecer | 25.05.2022

Воени вежби на кинеската армија во близина на Тајван

„Воената команда на Источната зона на Кинеската армија организираше заеднички патроли на борбена готовност и воени вежби во поморскиот и воздушниот простор околу островот Тајван", се наведува во соопштението на Источната команда.

Истовремено се додава дека тоа е „сериозно предупредување со оглед на неодамнешните активности меѓу САД и Тајван".

Во документот се нагласува дека Тајван е дел од Кина, а кинеската армија има капацитет и е одлучна да спречи мешање надворешни сили, како и секаков обид на сепаратистичките сили да организираат „независност на Тајван".

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk