На средбата ќе присуствуваат турскиот заменик-министер за надворешни работи Нух Јилмаз и неговиот американски колега Кристофер Ландау, а фокусот на разговорите ќе биде борбата против тероризмот и соработката помеѓу САД и Турција во напорите за обезбедување безбедност во Сирија.
Турско-американската работна група за Сирија постои од 2018 година. На утрешната средба се очекува да биде разгледано евентуалното укинување на американските санкции против Сирија.
Претседаталот на САД, Доналд Трамп минатата недела најави дека може да ги укине сите санкции против Сирија. /МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата