logo
logo
logo

Во Техеран е убиен полковник на Револуционерната гарда

Vecer | 22.05.2022

Во Техеран е убиен полковник на Револуционерната гарда

Иранската револуционерна гарда соопшти дека полковникот Хасан Саџад Ходајари бил нападнат во близина на неговата куќа во Техеран додека излегувал од автомобилот. Кон него биле испукани пет куршуми, од кои три го погодиле во главата.

Напаѓачите биле на мотор, а по атентатот побегнале.

ИРНА објави дека Ходајари бил „бранител на светилиштето", термин што се користи за членовите на гардата кои дејствуваат во Сирија и Ирак.

Ниту една организација досега не ја презеде одговорноста за убиството. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk