Во Средоземното Море спасени мигранти кои четири дена биле без храна и вода

Мировните сили во Либан помогнаа да се спасат 32 мигранти од чамец со кој преку Медитеранот се обиделе да стигнат до Кипар, објави денеска УНИФИЛ.

Меѓу спасените мигранти има шест жени и седум деца, пренесе „Ројтерс“.

Поморските сили од составот на УНИФИЛ објавија дека бродот останал без гориво и дека мигрантите биле без храна и вода четири дена.

Либанската армија вели дека мигрантите во најголем дел биле од Сирија. Тие биле пренесени во Бејрут со помош на либански патролни чамци.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари