logo
logo
logo

Во Србија 1.331 новозаразен со коронавирус, 14 починати

Vecer | 15.02.2021

Во Србија 1.331 новозаразен со коронавирус, 14 починати


Во последните 24 часа 5.550 лица биле тестирани на коронавирус во Србија, од кои 1.331 биле позитивни, додека починале 14 лица.

Според најновите податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, на апарати за дишење се приклучени  142 пациенти. Во моментов има 3.891 лице во болниците.

Во Србија со недели има околу 2.000 заразени лица на ден.

Дисциплината е попуштена, граѓаните се опуштија, а медицинскиот дел од Кризниот штаб изразува загриженост и вели дека ќе има заострување на мерките доколку бројот на позитивни и хоспитализирани лица продолжи да расте.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk