logo
logo
logo

Во Словенија опаѓа бројот на починати од Ковид-19, но болниците се преполни

Vecer | 28.04.2021

Во Словенија опаѓа бројот на починати од Ковид-19, но болниците се преполни


Во Словенија, 15 лица починале во последните 24 часа како резултат на Kовид-19, а потврдени се уште 398 новозаразени, што е значително помалку од 807 колку штo беа претходниот ден, но со значително помалку тестирања бидејќи во вторникот беше државен празник и неработен ден во Словенија.

„Во целиот свет, но и во Словенија, пандемијата е активна и сè уште трае“, предупреди епидемиологот Ева Грилц од Националниот институт за јавно здравје на владината прес-конференција. Според неа, од една страна е добро што инциденцата на зараза во Словенија се намалува благо и дека бројот на смртни случаи е значително намален, додека состојбата во болниците е полоша бидејќи нивото на хоспитализации останува високо и е меѓу највисоките во Европската Унија.

Во Словенија се потврден 398 нови случаи на зараза во последните 24 часа со вкупно 2007 тестови за ПЦР, односно 19,8 проценти од позитивните резултати во однос на вкупниот тестиран број. Има 9.250 активни случаи и 14-дневната инциденција изнесува 437. Просечниот број на дневни инфекции во последните седум дена е 606, со 621 пациент во болници, од кои 155 се на единиците за интензивна нега, соопшти Министерството за здравство.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk