logo
logo
logo

Во Швајцарија се појави еден сомнителен случај со сојот омикрон

Vecer | 29.11.2021

Во Швајцарија се појави еден сомнителен случај со сојот омикрон

Станува збор за патник кој пред околу една недела се вратил во Швајцарија од Јужна Африка, објави Федералната служба за јавно здравје на Твитер, пренесува Ројтерс.

Експертите сега вршат тестови за со точност да утврдат дали се работи за новата варијанта на вирусот, а резултатите треба да бидат познати во наредните денови.

Швајцарија одредила дека патниците од 19 земји мора да покажат негативен тест кога се качуваат на лет до таа земја и мора да бидат ставени во карантин 10 дена по пристигнувањето.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk