logo
logo
logo

Во само еден ден: Илон Маск изгуби 15 милијарди долари, веќе не е најбогатата личност на светот

Vecer | 24.02.2021

Во само еден ден: Илон Маск изгуби 15 милијарди долари, веќе не е најбогатата личност на светот

Илон Маск ја изгуби титулата најбогата личност во светот по неодамнешниот пад на цената на акциите на компанијата на Тесла, главниот извор на неговото богатство.

Акциите на Тесла потонаа повеќе од 20 проценти во однос на врвот во јануари, кога чинеа 880 долари. Значителен пад на цените беше забележан оваа недела откако компанијата инвестираше 1,5 милијарди долари во Биткоин, пишува Би-би-си.

Овој пад го врати Џеф Безос на врвот на листата на најбогати луѓе во светот.

Падот на цената на акциите на Тесла следеше по неверојатниот пораст минатата година, кога акциите скокнаа од 90 долари на повеќе од 700 долари.

Поради тој раст, Маск го престигна шефот на Амазон, Џеф Безос, во трката за најбогата личност во јануари, но покрена и прашања за вистинската вредност на компанијата што произведува многу помал број автомобили во споредба со конкуренцијата.

Падот на цената на акциите на Тесла „избриша“ повеќе од 15 милијарди долари од богатството на Маск.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk