logo
logo
logo

Во САД дозволена вакцината на „Фајзер/Бионтек“ за деца од 12 до 15 години

Vecer | 11.05.2021

Во САД дозволена вакцината на „Фајзер/Бионтек“ за деца од 12 до 15 години


Соединетите Американски ржави ја одобрија вакцината на „Фајзер/Бионтек“ против Ковид-19 за деца постари од 12 години, објави американската администрација за храна и лекови (ФДА).

Минатата недела, Фајзер побара одобрение за итна употреба за неговата вакцина кај деца на возраст од 12 и 15 години.

„Ова е важен чекор во борбата против пандемијата. Овозможува помладата популација да биде заштитена од Ковид-19“, рече Џенет Вудкок, вршител на должноста шеф на ФДА.

Советникот во Белата куќа, имунологот Ентони Фаучи, на крајот на февруари објави дека децата во САД на возраст под 12 години најверојатно ќе бидат вакцинирани против коронавирусот на почетокот на 2022 година.

Досега вакцината беше дозволена за лица над 16 години.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk