logo
logo
logo

Во Русија започна вакцинацијата против коронавирус на животни

Vecer | 27.05.2021

Во Русија започна вакцинацијата против коронавирус на животни


Во Русија започна вакцинацијата против коронавирус на животни, изјави советникот на директорката на Федералната служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор, Јулија Мелано.

Таа прецизира дека вакцинацијата на домашни миленици започна во неколку руски области.

„Првите испораки на единствената вакцина против коронавирус за животни во светот, „карнивак-ков“, која ја развија руски научници, пристигнаа во руските градови со цел да се спречи ширењето на инфекцијата кај животните“, рече Мелано, пренесува ТАСС.

„Карнивак-ков“ е единствената регистрирана вакцина против Ковид-19 за животни во светот.

Подготовката е развиена од Федералниот центар за здравје на животните и Федералната служба за ветеринарна и фитосанитарна супервизија, а е регистрирана на 31 март.

Клиничките испитувања, кои започнаа во октомври минатата година, беа извршени врз кучиња, мачки, лисици, визони и други животни.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk