logo
logo
logo

Во Русија се уапсени тројца украински шпиони: Еден од нив подготвуваше напад

Vecer | 02.12.2021

Во Русија се уапсени тројца украински шпиони: Еден од нив подготвуваше напад

ФСБ не кажува во кој дел од земјата биле уапсени наводните шпиони и кога точно.

Според соопштението, двајцата уапсени „пристигнале во Русија за да соберат информации и да фотографираат и снимаат витални стратешки објекти и транспортна инфраструктура“.

Во возилото што го користеле пријавените биле пронајдени оружје, скратена пушка и митралез и опрема за лична заштита.

ФСБ тврди дека двајцата уапсени биле регрутирани од украинската безбедносна служба СБУ за 10.000 американски долари.

Третиот наводен агент е уапсен на дело со две импровизирани експлозивни направи што одговараат на експлозив од 1,5 килограми ТНТ. Тој илегално ја преминал руската граница, се вели во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk