logo
logo
logo

Во пожарот во Шпанија изгореа шуми со површина колку 4.000 фудбалски игралишта (ВИДЕО)

Vecer | 24.03.2023

Во пожарот во Шпанија изгореа шуми со површина колку 4.000 фудбалски игралишта (ВИДЕО)

Пожарот ја зафатил граничната област меѓу Арагон и Валенсија. Вчера и денеска се евакуирани луѓе, јавува телевизијата, која се повикува на официјални извештаи.

Повеќе од 10 населби во провинциите Кастелон во Валенсија и Теруел во Арагон се погодени. Во некои области нема струја, а најмалку три патишта се затворени.

Површината на шумата што изгорела одговара на површина од повеќе од 4.000 фудбалски игралишта. Гаснењето на пожарот го отежнуваат силниот ветер, ниската влажност и релативно високите температури за овој период од годината од над 20 степени Целзиусови.

Во гаснењето учествуваат 20 хеликоптери и канадери. Минатата година, Шпанија ја имаше најлошата сезона на пожари од почетокот на рекордите.

Европската програма Коперник објави дека се случиле 493 шумски пожари. Уништени се повеќе од 3.000 квадратни километри.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk