logo
logo
logo

ВО НАЈГОЛЕМА ТАЈНОСТ: Се ожени Борис Џонсон

Vecer | 30.05.2021

ВО НАЈГОЛЕМА ТАЈНОСТ: Се ожени Борис Џонсон

Британскиот премиер Борис Џонсон се ожени со својата свршеница Кери Симондс на тајна церемонија во катедралата во Вестминстер.

Премиерот и неговата невеста планираат венчавка веќе шест месеци, наведува „Сан“.

Само неколку црковни службеници учествуваа во подготовките, а во последен момент беа поканети 30 гости.

Борис (56) и Кери (33) решија да „застанат на лудиот камен“ во главната лондонска катедрала, оддалечена само 2,4 километри од Даунинг стрит.

Непосредно по 13:30 часот, вработените одеднаш им соопштија на посетителите на црквата во византиски стил дека зградата се затвора.

Половина час подоцна, лимузината што ја превезуваше невестата пристигна на плоштадот пред главната западна врата, на само 300 метри од сообраќајната станица Викторија.

Невестата се определила за долг, лелеав бел фустан, но не носела превез, пишваат британските медиуми.

Премиерот, 56, и неговата невеста, 33, потоа тргнаа по ходникот на малата Лејди Капела со класична музика и споделија бакнеж по читањето на нивните завети.

Нивниот едногодишен син Вилфред беше таму за да го види среќниот повод, заедно со двајца официјални сведоци.

Извор близок на Кери рекол: „Двајцата се апсолутно воодушевени.“

„Целата работа е спроведена во услови на голема тајност и прецизно испланирана.

„Тоа беше само нивна тајна и го направи денот толку посебен“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk