Во конфликтите во Африка умреле пет милиони деца во последните 20 години

Вооружените конфликти на африканскиот континент, како и болестите и гладот што тие ги предизвикаа, доведоа до смрт на пет милиони деца на возраст под пет години помеѓу 1995 и 2015 година, според студијата објавена во петокот.

Поради болест и недостаток на медицинска помош во изминатите 20 години,околу три милиони бебиња починале во Африка, или деца на возраст од 12 месеци или помалку, што е три пати повеќе од жртвите директно убиени во конфликтите на континентот.

Студијата објавена во медицинското списание The Lancet ги спореди податоците за 15.441 конфликти во 34 од 54 африкански нации. Резултатите покажаа дека децата родени во круг од 50 километри околу подрачјето на конфликтот имаат поголем ризик да умрат во првата година од животот отколку оние родени во истата област во време без конфликт.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари