Припреми за најлошото

Во која земја треба да бегате доколку започне трета светска војна?

Индипендет во припремите за војна отиде чекор понатаму и состави листа од десет земји во кои би требало да се наоѓате доколку избие војна. Листата се темели на Global Peace индексот од минатата година.

10. Ирска

Практикува воена неутралност, а на меѓународно поле е неутрална уште од 30 - тите години на минатиот век. Доколку има војна би останале неутрални.

9. Швајцарија

Нејзината неутралност трае уште од 1815 година. Од тогаш не учествувала во ниту една меѓународна војна, а нејзините планини се најдобрата заштита од инвазија.

8. Словенија

Во случај на меѓународен конфликт оваа земја има термални, соларни и хидроелектрични ресурси заради кои нема да има никаков недостаток. Индипенден спомнува дека во глобала оваа држава успеала да остане надвор од светските војни па претпоставуваат дека така ќе биде и во случај на трета светска војна.

7. Фиџи

Овој остров се наоѓа на јужниот дел од Тихиот океан и географски е изолиран и е прилично сигурно место. Властите никогаш не биле вмешани во светските конфликти.

6. Данска

Иако би можела да биде вовлечена во конфликт бидејќи е член на НАТО, Данска има едно сигурно место - Гренланд.

5. Австрија

Причината заради која Австрија се наоѓа на оваа листа е тоа што се наоѓа на 45 место од 163 земји по својот индекс на мир.

4. Португалија

Оаза на стабилноста. Екстремниот десничарски популизам во оваа земја не најде упориште уште од втората светска војна.

3. Нов Зеланд

Повеќе од половина електрична енергија ја добива од хидроелектрани, земјата е плодна, а посевите богати. Доколку целиот свет го изолира ќе има доволно енергија за себе.

2. Канада

Канада е осма најбезбедна земја во светот.

1. Исланд 

Исланд е на прво место на листата на индекс на глобален мир. Покрај тоа географски е оддалечен од другите земји кои би можеле да бидат вклучени во конфликт.

Поврзани

Најнови вести

Коментари