logo
logo
logo

Во Јужна Африка две третини од убиствата не се решени

Vecer | 11.08.2024

Во Јужна Африка две третини од убиствата не се решени

Полицијата без резултат затвори повеќе од 76.000 од речиси 115.000 случаи на убиства што беа регистрирани во земјата помеѓу 2018-2019 и декември 2023 година, покажуваат податоците објавени од Демократската алијанса (ДА) од десниот центар.

„Бројката е впечатливо висока“, рече пратеничката Лиза Шикерлинг.

„Ова делумно се должи на недостигот на обучени инспектори, што само по себе е резултат на недостигот на финансии“, изјави таа.

Според неа, инспекторите се „затрупани од работа“. 

„Повеќето од нив имаат меѓу 350 и 500 случаи“, рече Шикерлинг.

Убиствата не се единствените злосторства што остануваат нерешени.

Повеќе од 61.000 случаи на силување и 9.000 киднапирања исто така се затворени без резултат во истиот период, покажаа податоците дадени на ДА од страна на министерот за полиција по барање на Парламентот. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk