logo
logo
logo

Во јули во САД биле евидентирани рекордно високи ноќни температури

Vecer | 13.08.2022

Во јули во САД биле евидентирани рекордно високи ноќни температури

Просечната најниска температура во јули беше 17,6 степени Целзиусови, со што го надмина рекордот од 2011 година за неколку делови од степенот.

Тоа не е само најтоплиот ноќен просек за јули, туку и за кој било месец во 128-те години од почетокот на водењето евиденција, рече Карин Глисон, климатолог од американската Администрација за океани и атмосфера. Најниската јулска ноќна температура била повеќе од 1,7 степени Целзиусови над просекот за дваесеттиот век.

Научниците одамна сфатија дека ноќните температури се од клучно значење за здравјето.

„Кога дневните температури се на рекордно високо ниво или блиску до рекордно ниво и нема можност за закрепнување во текот на ноќта со намалување на температурите, растенијата, животните и луѓето се под голем стрес“ рече Глисон. – Ова е сериозно, потенцираше тој.

Во Тексас, каде просечната месечна дневна температура за првпат во јули надмина 37,8 степени Целзиусови, а електроенергетскиот систем беше под силен притисок, просечните ноќни температури беа 23,5 степени Целзиусови, 2,2 степени над просекот од дваесеттиот век.

– Навечер се загрева побрзо бидејќи дневното затоплување задржува повеќе влага во воздухот, а ја задржува топлината ноќе, објасни Глисон.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk