Во Јапонија усмртиле 546 свињи поради епидемија на свинска треска

Локалните власти во Јапонија соопштија денеска дека усмртиле 546 свињи на островот Хоншу, по појава на епидемија на свинска треска, прва во последните 26 години.

Претставник на префектурата Гифу изјавил дека повеќе од 65 свињи се уништени од 3 септември, поради епидемија на болсета. Контроли се спроведуваат на други фарми во префектури и досега не е утврден ниту еден случај.

Свинска треска, што се разликува од смртоносната африканска свинска треска, која се појави во Кина, е откриена на фарма во градот Гифу, соопшти министерството за земјоделство.

Детектираната болест е класична свинска треска, позната и како свинска колера. Болсета се појавува меѓу свињите и дивите свињи и не е заразна за луѓето. Потеклото и причината на болеста е под истрага.

Јапонија го суспендираше извозот на свинско месо по појавата на болеста. Јапонија е 10-ти најголем произведувач на свинско месо во светот, а извозот на свинско месо и преработката, годишно достигнува околу 108 милиони долари.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари