logo
logo
logo

Во израелскиот контранапад на појасот Газа загинаа 20 лица, од кои девет деца

Vecer | 11.05.2021

Во израелскиот контранапад на појасот Газа загинаа 20 лица, од кои девет деца

Министерството за здравство во Газа објави дека најмалку 20 лица, вклучително и девет деца, биле убиени во израелските воздушни напади на Појасот Газа како одговор на ракетите на Хамас кон Ерусалим.

Израелската војска тврди дека го извршила нападот против вооружени групи и воени сили кои постојат во Газа откако палестинските милитанти, според израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, ја преминале „црвената линија“, испукувајќи ракети во областа на Ерусалим.

Израелската армија објави дека палестинските милитанти испукале околу 150 ракети кон областа Ерусалим и јужниот дел на Израел. Одговорност за ракетните напади презедоа Хамас и малата милитантна група „Исламски џихад“.

Стотици Палестинци билеповредени во понеделникот во новите судири со израелската полиција на платото на џамиите во источен Ерусалим, како дел од насилната недела во Светиот град.

Новите конфликти се случија на Денот на Ерусалим, кој според хебрејскиот календар го слави израелското освојување на Стариот град во шестдневната војна во 1967 година.

Тензиите во последните неколку недели се зголемија со заканите кон палестинските семејства во областа Шеик Џараџ во источен Ерусалим за иселување и ослободување простор за еврејските жители

Во Истанбул се одржа протест во понеделникот вечерта, демонстрантите вклучувајќи Сиријци и Палестинци, носеа палестински знамиња и извикуваа „Турски трупи во Газа“ и „Долу Израел, долу Америка“.

Турскиот претседател Таип Ердоган разговараше со лидерите на Блискиот исток за растечкото насилство. Според изјавата на канцеларијата на Ердоган, турскиот претседател му рекол на јорданскиот крал Абдула дека „нехуманите“ напади врз Палестинците биле насочени кон сите муслимани, додавајќи дека Турција и Јордан треба да работат заедно за да ги запрат нападите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk