Либанската новинска агенција јави дека инцидентот се случил во близина на градот Тир Харф. Телевизијата Ал Мајадин објави дека Израел намерно го гаѓал нивниот тим.
Како што се наведува, новинарката и снимателот на таа телевизија загинале кога врз нив биле испукани две ракети од израелски воен авион веднаш по вклучувањето во програмата. /МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата