logo
logo
logo

Во Хрватска се намалува бројот на заразени со коронавирус, 40 нови случаи

Vecer | 31.05.2021

Во Хрватска се намалува бројот на заразени со коронавирус, 40 нови случаи


Во последните 24 часа во Хрватска се евидентирани 40 нови случаи на зараза со коронавирус, тестирани се 2.116 лица, а 12 пациенти починале, објави Националниот штаб за цивилна заштита.

Денес се регистрирани вкупно 1.935 активни случаи, 797 пациенти се во болница, а 84 се на апарати за дишење.

Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на зараза во Хрватска, евидентирани се вкупно 356.181 заразено лице, а 8.026 починале.

Вкупно закрепнаа 346.220 луѓе, од кои 397 во последните 24 часа. Во моментов има само 10.140 лица во самоизолација.

До 29 мај, потрошени се 1.751.087 дози вакцина. Досега 1.272.513 лица се вакцинирани со најмалку една доза, од кои 478.574 ги примиле двете дози. До 30 мај биле потрошени 2.361 доза на вакцина.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk