logo
logo
logo

Во Хрватска 956 новoзаразени со коронавирис, 22 починати

Vecer | 23.03.2021

Во Хрватска 956 новoзаразени со коронавирис, 22 починати

Во изминатите 24 часа беа евидентирани 956 нови случаи, така што бројот на активни случаи во Хрватска денес е вкупно 6.394, објави Националниот штаб за цивилна заштита. Меѓу нив, 1.029 пациенти се наоѓаат во болница, од кои 92 се на апарати за дишење.

Во изминатите 24 часа оздравеле 820 лица и биле тестирани 8.177.

Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, досега се евидентирани вкупно 258.745 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 956 во изминатите 24 часа. Закрепнале 246.543 лица, од кои 820 во изминатите 24 часа. Во изминатите 24 часа починаа 22 лица, вкупно 5.808 лица. До денес се тестирани вкупно 1.485.714 лица, од кои 8.177 во последните 24 часа. Во моментов има 21.804 лица во самоизолација.

Хрватска набави 169 респиратори од производителот на новата генерација GE Medical Systems Information Technologies GmbH, еден од најпознатите светски производители на медицинска опрема GE HealthCare, кои веќе се распоредени во ковид-одделенијата во 29 хрватски болници. За нив се издвоени нешто повеќе од 5 милиони евра.

Апаратите им помагаат на лекарите да ги прилагодат режимот и параметрите на вентилација во целост кон клиничката слика на пациентот и да ја скратат механичката вентилација што е можно повеќе. Исто така, за прв пат со употреба на овие уреди е можно да се измери потрошувачката на калории кај пациентите, што обезбедува подобра нутритивна поддршка на пациентите и нивно побрзо закрепнување.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk