logo
logo
logo

Во Грузија уапсени над 100 демонстранти

Vecer | 30.11.2024

Во Грузија уапсени над 100 демонстранти

Демонстрантите се судрија со полицијата во повеќе грузиски градови, вклучително и Тбилиси и Батуми. Полицијата во главниот град употреби водени топови за да ги спречи демонстрантите да се доближат до зградата на Парламентот.

Протестите почнаа кога премиерот Иракли Кобахиѕе од владејачката партија Грузиски сон ја соопшти одлуката за стопирање на преговорите со ЕУ.

Претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили синоќа изјави дека се солидаризира со „Движењето на отпорот“ во кое илјадници луѓе протестираат против одлуката на Владата да ги одложи пристапните преговори со ЕУ.

- Движењето на отпорот почна … Се солидаризирам со него. Ќе останеме обединети додека Грузија не ги постигне своите цели: враќање на европскиот пат и одржување нови избори, истакна Зурабишвили во телевизиското обраќање.

Повеќе од 100 дипломати и државни службеници во Грузија потпишаа отворено писмо во кое тврдат дека одлуката на Владата не е во согласност со стратешките интереси на земјата.

Кобахиѕе ја обвини ЕУ за „мамење“ откако европските законодавци побараа повторување на минатомесечните парламентарни избори во Грузија поради „значителни неправилности“.

Во Грузија од 2012 година на власт е партијата Грузиски сон, која според критичарите, се обидува да ја оддалечи земјата од ЕУ и да ја приближи Русија.

Грузиски сон победи на изборите минатиот месец, но пратениците од опозицијата го бојкотираат новиот парламент, тврдејќи дека има изборен фалсификат, додека за претседателката Зурабишвили парламентот е „неуставен“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk