logo
logo
logo

Во Грција луѓето на возраст од 40 до 44 години можат да се вакцинираат со сите достапни вакцини

Vecer | 21.05.2021

Во Грција луѓето на возраст од 40 до 44 години можат да се вакцинираат со сите достапни вакцини


Грчките власти објавија дека од денес повторно е активна платформата за закажување преку Интернет вакцинација на граѓани на возраст од 40 до 44 години.

Како што беше најавено, тоа ќе им овозможи на граѓаните да се вакцинираат со сите достапни вакцини, пренесува грчката агенција АНА.

Луѓето од оваа возрасна група сега можат да се вакцинираат со вакцината на „Астра зенека“, на „Фајзер, „Модерна“ или „Џонсон и Џонсон“. Досега, оваа возрасна група можеше да се вакцинира само со вакцината на „Астра зенека“.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk