logo
logo
logo

Во голема акција, Европол за пет месеци откри 14 најбарани бегалци во ЕУ

Vecer | 25.01.2023

Во голема акција, Европол за пет месеци откри 14 најбарани бегалци во ЕУ

Полицијата извести дека кампањата имала за цел да го истакне профилот на бегалците низ Европа кои се членови на организирани криминални групи. Сите бегалци од овогодинешната кампања меѓу другото се барале и за тешки кривични дела како убиство, трговија со луѓе и вооружен грабеж.

Во текот на кампањата успешно се решени 14 случаи поврзани со бегалци, со што последната кампања е најуспешна од сите спроведени од 2019 година, додаваат од Управата на полицијата. Пет случаи, посочуваат, се решени благодарение на објавувањето профили на веб-страницата на најбараните бегалци во ЕУ.

Полициската управа појасни дека ЕНФАСТ и Европол ги упатиле граѓаните на ЕУ на веб-страница со фотографии од бегалците за да проверат дали препознале некој од нив. Кампањата е објавена на различни социјални мрежи и повика на акција на сите јазици на ЕУ за да се допре до што повеќе луѓе.

Веб-страницата е пуштена во употреба во 2016 година, а оттогаш на неа се објавени профили на 392 бегалци. Од таа бројка, уапсени се 136 бегалци, од кои 49 апсења се директно поврзани со профилите објавени на веб-страницата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk