logo
logo
logo

Во Германија е уапсен неонацист, кој запалил засолниште за бегалци

Vecer | 06.06.2023

Во Германија е уапсен неонацист, кој запалил засолниште за бегалци

„Уапсениот Питер С. претставува идеологија која води кон национал-социјалистички и расистички убедувања. Државното обвинителство го обвинува дека ноќта меѓу 18 и 19 септември 1991 година, првообвинетиот Питер С. во гостилница во Сарлуис, коментирал дека нападите врз засолништата за азиланти кои во тоа време беа вообичаени на истокот на Германија, треба да се префрлат и на запад од земјата“, се вели во соопштението на Главното државно обвинителство.

Во Германија обвинетите се идентификуваат по првата буква од нивното презиме.

Недолго потоа, Питер С. отишол во сместувањето за баратели на азил и подметнал пожар во кој загинал еден државјанин на Гана, а неколку лица се повредени, а 20 лица избегале скокајќи низ прозорците.

Питер С., кој беше уапсен денеска и беше една од водечките фигури на неонацистичката сцена во Сарлуис во раните деведесетти, е обвинет за соучесништво во убиство и обид за убиство на 20 луѓе. Петар С. се појави како сведок во судскиот процес против првообвинетиот, но тој досега одбиваше да даде изјави за тоа што му претходело на вистинското подметнување пожар.

Дури во 2020 година, по нови индиции, властите ја рестартираа истрагата, што доведе до денешното апсење на 51-годишниот првообвинет, кому од есента минатата година му се суди.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk