logo
logo
logo

Во Букурешт почна состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО

Vecer | 29.11.2022

Во Букурешт почна состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО

Мораме да им помогнеме на Украинците, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска на почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-члени на Алијансата, што се одржува во Букурешт.

Столтенберг вторпат во текот на денот посочи дека НАТО не е дел од конфликтот, но ќе ја поддржи Украина онолку колку што е потребно и ќе ја брани секоја педа од нејзината територија.

– Руската војна ја загрози евроатлантската безбедност и предизвика страдање на Украинците, предизвика енергетска и прехранбена криза на глобално ниво. Затоа, да и помогнеме на Украина да се одбрани, истакна претседателот на Романија, Клаус Јоханис.

Тој додаде дека НАТО треба да ги спроведе одлуките од Мадрид, особено оние поврзани со Црно Море и источното крило на Северноатлантската алијанса.

Состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Букурешт продолжува зад затворени врати. Сесијата се одржува со учество на Финска и Шведска, кои имаат статус на земји поканети официјално да се приклучат на организацијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk