Повеќе од 1.000 луѓе над 100 години во моментов живеат во Босна и Херцеговина, објавија локалните медиуми, според информациите со кои располага државната Агенција за идентификација на документи, евиденција и размена на податоци.

Точниот број на стогодишници во БиХ е 1.149, од кои 820 се жени, а 329 се мажи.

Повеќето од нив живеат во областа на градот Сараево, и тоа 195 односно 131 жена и 64 мажи.

Поголем број жени на постара возраст во однос на мажите е вообичаена појава, просечната старост на жените во Европа е поголема за пет до шест години.

Според достапните податоци, последниот попис во БиХ во 2013 година покажа дека има повеќе мажи меѓу лица на возраст под 48 години, но со преминувањето на таа старосна граница, жените почнуваат да доминираат.

makfax.com.mk