logo
logo
logo

Во БиХ пристигнаа 23.400 вакцини на „Фајзер“ купени преку „Ковакс“

Vecer | 25.03.2021

Во БиХ пристигнаа 23.400 вакцини на „Фајзер“ купени преку „Ковакс“


Денес на Меѓународниот аеродром во Сараево беа доставени 23.400 дози вакцини произведени од „Бионтек-Фајзер“, кои БиХ ги купи во рамките на механизмот„Ковакс“.

Ова се првите вакцини што БиХ ги прими преку механизмот „Ковакс“, од 1.232.000 дози што беа нарачани и платени. Процесот на набавка на вакцини преку „Ковакс“ во БиХ започна во јули минатата година, а договорот беше потпишан на 18 септември 2020 година.

Овој механизам, кој вклучува 186 земји, е координиран од Глобалната алијанса за вакцини (ГАВИ), Светската здравствена организација (СЗО) и Коалицијата за епидемиска подготвеност (ЦЕПИ).

Република Српска, Федерацијата БиХ и областа Брчко издвоија околу 13 милиони долари за набавка на вакцини преку механизмот „Ковакс“, а нарачаните количини се доволни за имунизација на околу 20 проценти од граѓаните.

Министерството за цивилни работи во Советот на министри соопшти дека вечерва во Сараево ќе пристигнат 26.400 дози од вакцината на „Астразенека“.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk