logo
logo
logo

Во БиХ почна вакцинацијата со „спутник В“, прв се вакцинираше директорот на Клиниката во Бања Лука

Vecer | 12.02.2021

Во БиХ почна вакцинацијата со „спутник В“, прв се вакцинираше директорот на Клиниката во Бања Лука


Во Босна и Херцеговина денеска почна вакцинацијата против коронавирусот, а првите дози на вакцината „спутник В“ од руско производство ги примија директорот на Клиничкиот центар во Бања Лука и локалните здравствени работници.

Во телевизиски пренос во живо на јавниот сервис на Република Српска, директорот на КЦ Владо Џајиќ ја прими првата доза на вакцина, а после тоа беа вакцинирани уште околу седумдесеттина вработени во клиничкиот центар во Бања Лука.

„Цела година ја чекавме вакцината, но сега веруваме во нејзините резултати“, рече Џајиќ, додавајќи дека тој се вакцинирал прв за да покажел со личен пример дека вакцината е сигурна и дека нема причина да се стравува од несакани ефекти.

Директорот на болницата во Бања Лука и неговите вработени ја примиле вакцината од првата пратка од 2.000 дози, што беше испорачана од Русија пред околу десетина дена, со цел да се потврди нејзината исправност во лабораторија во БиХ.

Министерот за здравство на РС, Ален Шераниќ рече дека тој, исто така, ќе се вакцинира штом пристигнат дополнителни дози од веќе купената вакцина, нагласувајќи дека е постигната најдобра можна цена на пазарот.

Првите дози на „спутник В“ беа доставени во БиХ врз основа на посебен договор склучен од властите на РС со рускиот производител. Тие нарачаа вкупно 400.000 вакцини доволни за вакцинирање на 200.000 луѓе. Властите во Бања Лука очекуваат испорака на до 100.000 дози на руската вакцина до крајот на овој месец.

Властите на Федерацијата БиХ сè уште очекуваат вакцина од западните производители и се надеваат дека првите дози од вакцината „Фајзер“ ќе стигнат следната недела.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk