logo
logo
logo

Во Австрија трет случај на критична реакција по примањето на вакцина од „Астразенека“

Vecer | 10.03.2021

Во Австрија трет случај на критична реакција по примањето на вакцина од „Астразенека“


Откако минатата недела во Австрија беа пријавени два критични случаи по употреба на вакцината од „Астразенека“, кога една медицинска сестра (49) почина, а друга (35) доби белодробна емболија, во земјата се појави друг сериозен случај поврзан со оксфордската вакцина.

Според дописничката на порталот „24сата.хр“ од Виена, регистриран е нов случај во Штаерска, но педесет и едногодишната жена не била вакцинирана со доза од серијата на вакцини што претходно ја примиле двете медицински сестри од Цветл.

Жената поминала повеќе од две недели во болницата и треба наскоро да биде пуштена. Таа била вакцинирана на 12 февруари во Грац, по што имала проблеми со згрутчување на крвта и белодробна емболија. Сепак, не била вакцинирана со спорната серија на вакцини од „Астразенека“ – ABV 5300, која по компликациите кај медицинските сестри беше повлечена од страна на австриските власти.

Што се однесува до медицинските сестри од Цветл, Сојузната канцеларија за јавно здравје (БАСГ) објави дека истрагата е во тек, но дека засега нема докази за поврзаност на двата случаи со вакцината од „Астразенека“.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk