logo
logo
logo

„Во Авганистан нема Исламска држава, ни Ал Каеда“

Vecer | 21.09.2021

„Во Авганистан нема Исламска држава, ни Ал Каеда“

По соборувањето на прозападната влада во Кабул минатиот месец, Талибанците се под меѓународен притисок да се откажат од врските со Ал Каеда, екстремистичката сунитска група одговорна за нападите врз САД на 11 септември 2001 година.

Во исто време, тие се соочуваат со серија напади од огранокот на ИД со кои се во конфликт за идеолошки и економски прашања.

"Не гледаме дека некој во Авганистан има врска со Ал Каеда. Никаква закана за ниедна земја нема да дојде од Авганистан, ние сме цврсто решени во тоа", изјави портпаролот на Талибанците, Забихула Муџахид.

Што се однесува до ИД, Муџахид негира дека групата има какво било значајно присуство во Авганистан, иако признава дека огранок на Исламската држава, позната како Исламска држава во Хорасан (ИД-К), „незабележливо изведува некои кукавички напади“.

"ИД што постои во Ирак и Сирија не постои овде. Но, некои луѓе, можеби нашите Авганистанци, го прифатија нивниот менталитет и тоа е феномен што луѓето не го поддржуваат", рече Муџахид.

„Безбедносните сили на Исламскиот емират се подготвени и ќе ги спречат“, рече тој. ИС-К се појави во источен Авганистан во 2014 година, а подоцна се прошири и во некои други делови на земјата, особено на северот. Тој ја презеде одговорноста за нападот во Џалалабад и бомбашкиот напад на аеродромот во Кабул во август, кога загинаа 13 американски војници и голем број авганистански цивили.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk