logo
logo
logo

Во Аргентина уапсен Црногорец, член на озлогласената банда „Пинк Пантер“

Vecer | 23.04.2021

Во Аргентина уапсен Црногорец, член на озлогласената банда „Пинк Пантер“


Интерпол во Буенос Аирес, уапсил црногорски државјанин член на озлогласената криминалсна група „Пинк Пантер“, позната по спектакуларните кражби на скап накит, објавија денеска црногорските медиуми.

Звјездан Бегиќ (46) во Франција е осуден на 15 години затвор за кражба на накит вреден два милиони евра од златарница во Сен Тропе, а од 2017 година го барала и италијанската полиција за грабеж на златарница во Милано.

Како што пренесуваат црногорските медиуми, овој жител на Подгорица влегол во Аргентина со фалсификуван пасош на Европската унија, а живеел во Буенос Аирес под лажен аргентински идентитет.
Тој бил уапсен на 20 април додека шетал по улица во населбата Нуњез каде се наоѓал и луксузниот стан во кој живеел.

Според извештаите на медиумите во Подгорица, аргентинските портали јавуваат дека во обвинението против Бегиќ стои дека тој припаѓа на озлогласената банда крадци на накит „Пинк Пантер“, одговорна за најмалку 130 грабежи на накит, чија вредност се проценува на десетици милиони евра.

Бегиќ, наводно, се барал за два конкретни кражби, за кои се сомничи од меѓународните истражители.
Првата се случил во 2005 година, кога тој и друг разбојник наводно упаднале во златарница во француското одморалиште Сен Тропе, од каде украле накит вреден два милиони евра. Потоа, наводно, побегнале со брод.

Бегиќ е осомничен и дека 12 години подоцна, во 2017, со уште двајца разбојници вооружани влегле во продавницата за накит во Милано, „Парадизо“, од каде украле 20 часовници од марката „ролекс“ и две нараквици во вредност од по 200.000 евра.

Аргентинското судство, според извештаите, ќе започне процес за екстрадиција во европските земји кои го бараат.

Според полициските извештаи, озлогласената група „Пинк Пантер“ се состои од околу 200 члена – Црногорци, Срби, Хрвати, Босанци, од кои многумина имаат воено искуство и главно се товарат за грабеж на многу вреден накит.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk