Властите во Хонг Конг ќе им понудат на јавните службеници еден слободен ден за секоја добиена доза на вакцина против коронавирус, беше објавено во тој административен регион, со овој чекор владата се обидува да ја забрза бавната кампања за вакцинирање на околу 7,5 милиони жители.

Лидерот на Хонг Конг, Кери Лем, рече дека веќе испратила повеќе од сто писма до компаниите, во кои ги повикува да ги следат мерките на локалната самоуправа.

„Од сега па до крајот на август е клучното време за превенција од пандемија “, нагласи Лем.

Шефот на здравствениот сектор во Хонг Конг, Софија Чан, се приклучи на повиците за вакцинација и предупреди дека дополнителен бран на коронавирус во Хонг Конг може да доведе до нови ограничувачки мерки за оние кои не биле вакцинирани.

Досега во Хонг Конг се вакцинирани 2,3 милиони луѓе, што е помалку од очекуваното, па властите претходно предупредија дека датумот на истекување на вишокот на неискористени вакцини, набавен однапред за сите 7,5 милиони жители, може да истече во август.

makfax.com.mk