Владатата на чешкиот премиер доби доверба, пред парламентот протести

Новата малцинска влада на партијата АНО, на чешкиот премиер Андреј Бабиш и чешката социјалдемократска партија, по 15 часовна расправа и демонстранти пред прозорецот на парламентот, утрово ја доби довербата од законодавниот дом.

Со најдолго чекање досега, точно 264 дена од изборите, пратеничкиот дом од 200 членови, најпосле ја заврши расправата, по полноќ, кога 105 пратеници на АНО, ЧССД и нереформираната Комунистичка партија, гласаа за доверба на владата, додека 91 пратеник беше против, а четворица воопшто не гласаа.

Седницата се претвори во бурна распарава во која не недостасуваа лични навреди кој е крадец, кој е пијаница, кој е „комуњар“, а кој агент на комунистичката тајна полиција.

Во текот на целото попладне и целата вечер, пред парламентот скандираа неколку стотина демонстранти, зашто Бабиш со цел да обезбеди доверба за малцинската влада со социјалдемократите потпиша, за прв пат од падот на комунистите, договор за толеранција со нереформираните чешки комунисти.

Мандатот за Бабиш во коалиција со социјалдемократите и комунистите го туркаше и претседателот на Чешка, Милош Земан, бидејќи алтернативата би била влез на антиисламските екстремисти во владата или вонредни избори.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари