logo
logo
logo

Владата го зголемила данокот, СЕГА СЕ БРАНАТ СО ВОЈСКА И ТЕНКОВИ

Vecer | 29.05.2021

Владата го зголемила данокот, СЕГА СЕ БРАНАТ СО ВОЈСКА И ТЕНКОВИ

Колумбискиот претседател Иван Дуке нареди да бидат испратени армиски сили како помоош на полицијата во во градот Кали, трет по големина со население од 2,2 милиони луѓе и е центар на масовните протести против даночните реформи. Причина за протестите е - зголемен данок.

– Почнува веднаш распоредување на воена помош за полицијата во градот Кали и во департманот Вале дел Каука, изјави Дуке, чиј говор беше пренесен на Твитер страницата на неговата администрација.

Според претседателот, најискусните офицери ќе бидат испратени во регионот.

Демонстрации против даночната реформа се одржуваат во Колумбија од 28 април. Немири се случија во Богота, Кали, Меделин и други градови. Повеќе од 2.000 лица беа повредени, а други 42 беа убиени. Владата подоцна се согласи да ги измени плановите за реформи, министерот за финансии поднесе оставка, но протестите продолжија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk