logo
logo
logo

Викаше дека се измама, сега Бил Гејтс ГО СМЕНИ СТАВОТ ЗА КРИПТО-ВАЛУТИТЕ

Vecer | 23.02.2021

Викаше дека се измама, сега Бил Гејтс ГО СМЕНИ СТАВОТ ЗА КРИПТО-ВАЛУТИТЕ

Еден од најбогатите луѓе на светот, Бил Гејтс до пред неколку години, беше жесток критичар на крипто-валутите. За него тие беа шпекулативни инвестиции и измам, но денес има комплетно поинаков став.

Според MarketWatch, Гејтс во неодамнешното интервју за американската телевизија Си-Ен-Би-Си изјавил дека тој денес има „неутрален став“ кон биткоинот, бидејќи ниту тој е сопственик на крипто-валутата, ниту пак се обложува против нив.

Како дел од неговата фондација, Бил Гејтс работи на ширење дигитални валути во земјите во развој, но тоа го прави со цел да овозможи поголема транспарентност и полесно враќање.

Денес на Гејтс најмногу му пречат можностите за криминални активности предвидени со анонимноста на крипто-валутите, а таа можност за злоупотреба е најверојатно главната причина за неговиот сегашен став.

Од друга страна, Мајкрософт неодамна го патентираше својот систем за крипто валута, заснован на алтернативни методи на „рударство“, како што се температурата на телото и мозочните бранови.

Во претходните години, Гејтс ја критикуваше шпекулативната природа на крипто-валутите, верувајќи дека нема никаква вредност позади нив и рече дека ќе се обложи против нив ако има лесен начин да се направи тоа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk