logo
logo
logo

Вие бирате ИЛИ ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРАТЕ ИЛИ ЗАТВОР, филипинскиот пртседател со закани до граѓаните

Vecer | 22.06.2021

Вие бирате ИЛИ ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРАТЕ ИЛИ ЗАТВОР, филипинскиот пртседател со закани до граѓаните

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте се заканува со затвор за граѓаните кои одбиваат да се вакцинираат против КОВИД 19 додека неговата земја води голема битка со коронавирусот и има над 1,3 милиони заразени и над 23 000 мртви.

„Вие одлучувате дали да се вакцинирате или да одите во затвор“, им рече претседателот Дутерте на граѓаните во телевизиско обраќање по извештајот за низок одговор на вакцинацијата во главниот град Манила, пренесува Ројтерс.

Забелешките на Дутерте се во спротивност со наводите на неговите здравствени власти кои рекоа дека иако луѓето се охрабруваат да вакцинираат, сепак тоа е доброволно.

Заклучно со 20 јуни, 2,1 милиони луѓе се целосно вакцинирани на Филипините, што е многу мал напредок со оглед на тоа што целта на владата е да вакцинира до 70 милиони луѓе до крајот на годината, во земјата која има 110 милиони жители .

„Не ме сфаќајте погрешно, но земјата е во криза, јас сум револтиран од граѓаните кои не ја почитуваат својата влада“, рече Дутерте.

Дутерте веќе беше критикуван за неговиот груб пристап во контролирање на инфекцијата, меѓу другото, и за неговата цврста одлука да ги задржи училиштата затворени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk