logo
logo
logo

(ВИДЕО) Руски тинејџерки запалиле 200 тони слама за да направат снимка за ТикТок

Vecer | 16.05.2021

(ВИДЕО) Руски тинејџерки запалиле 200 тони слама за да направат снимка за ТикТок

Две 14 годишни девојчиња во Русија запалиле скоро 200 тони слама, предизвикувајќи голема штета, обидувајќи се да направат видео за ТикТок.

Полицијата во раните утрински часови соопштила дека пожарот излегол од контрола откако биле запалени делови од сламата.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=P20u3reyhGA&feature=emb_title[/embed]

195 тони слама изгореле во рурална област недалеку од градот Перм, околу 1.200 километри источно од Москва.

Двете ученички избегале откако не успеале да се справат со гаснењето на пожарот. По кратко време, тие и признале на полицијата дека снимале видео за ТикТок кога се случил инцидентот.

Властите им соопштиле на девојчињата дека освен што предизвикале голема штета, ги ризикувале и своите животи обидувајќи се да го снимат видеото.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk