(Видео) Заложничка драма во продавница во Лос Анџелес, убиена една жена

Вооружен напаѓач упаднал во продавница во Лос Анџелес и околу три часа како заложници држел 50-тина луѓе пред да ѝ се предаде на полицијата. Во нападот, кој се случил вчера околу 18 и 30 часот по локално време, е убиена една жена.

Инцидентот се случил во продавница на „Трејдер Џос“. Полицијата навела дека два часа пред инцидентот, човекот со седум куршуми ја усмртил баба му, а повредил и една жена која насилно ја внел во неговиот автомобил. Во потерата по него, полицијата и напаѓачот размениле оган по што напаѓачот удрил во столб пред продавницата и потоа влегол во неа.

Некои од купувачите успеале да избегаат низ прозор, а други се затвориле во разни простории додека на местото на инцидентот пристигнале полицијата, пожарникарите и 18 возила на брзата помош.

Полициските преговарачи успеале да го убедат напаѓачот, кој бил на возраст од 28 години, да се предаде и да ги ослободи заложниците. Околу 18 и 30 часот по локално време односно 3 часот наутро по средноевропско време, тој се согласил сам да си стави лисици и излегол од продавницата со четири заложници околу него.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари